Роналдо можел да добие двегодишна суспензија бидејќи си заминал пред да заврши мечот?

Кристијано Роналдо никако не може да се помири со фактот дека последните два меча на Јувентус не ги игра од почеток до крај. Португалецот на двата меча беше заменет во вториот дел и во двата случаи италијанскиот првак без Роналдо на теренот стигна до посакуваниот резултат, односно се радуваше на победата.

Синоќа на дербито против Милан, Роналдо беше заменет само по 55 минути игра, а кога заминуваше од теренот, воопшто не го погледна тренерот Маурицио Сари и не се поздрави со соиграчите. Португалецот замина директно во соблекувалната, а потоа и го напуштил стадионот пред да заврши средбата.

https://twitter.com/MessiCuIe/status/1193637152455823362

За ваквиот потег, Роналдо беше критикуван од легендарниот Фабио Капело, кој му „плесна“ на ѕвездата на Јувентус дека три години нема поминато противнички играч.

Некогашниот италијански репрезентативец Антонио Касано откри дека потегот за заминување од стадионот додека мечот трае е многу ризичен и непромислен. Касано се присетува дека тој еднаш направил нешто слично, но потоа морал да се враќа на стадионот бидејќи тоа можело да го чини двегодишна суспензија.

„Си заминал од стадионот додека мечот уште траел? Не смеете да го направите тоа бидејќи постои антидопинг-контрола. Јас морав да се враќам на стадионот за да не добијам двегодишна суспензија“, објаснува Касано, кој како играч на Рома си заминал од „Олимпико“, но морал да се враќа на антидопинг-контрола за да не добие жестока казна.

 

- Оглас -

Најнови вести