Ал-Наср го победи Ал-Итихад со 2-1 во првото полуфинале од Суперкупот на Саудиска Арабија.
Во официјалното деби на Жорже Жесус и Жоао Феликс, голот за водство беше дело на Садио Мане кој брзо после тоа беше исклучен со директен црвен картон во 25-тата минута. Стивен Бергвајн израмни за Ал-Итихад.
Во второто полувреме, Кристијано Роналдо имаше прилика да даде гол, излезе сам пред голманот, но наместо да шутира, му асистираше на сонародникот Жоао Феликс за 2-1, а поранешниот напаѓач на Бенфика постигна уште еден гол, но му беше поништен.
Ал-Наср в сабота во финалето ќе се соочи со Ал-Ахли или Ал-Кадсија.