Португалската фудбалска суепрѕвезда Кристијано Роналдо испрати негов дрес до претседателот на САД, Доналд Трамп. Дресот со бројот 7 од португалската репрезентација до Трамп испрати и една порака, и тоа во време кога во светот има две големи воени жаришта (тие меѓу Русија и Украина, како и новоформираното воено жариште меѓу Израел и Иран).
Дресот од Роналдо до рацете на Трамп пристигна преку Шефот на европскиот совет, Антонио Кошта. Американскиот претседател дресот го доби за време на Г7 самитот кој се одржува во Канада.
„За претседателот на САД, Доналд Трамп. Играме за мир“, беше посветата и пораката која Роналдо ја испрати до првиот човек на САД.
Роналдо со Португалија неодамна се радуваше на трофејот во Лигата на нациите, а фудбалерот кој има 40 години моментално одмора во пресрет на новата сезона.