Роналдо му се смееше на Флоренци колку е низок, а овој даде гол за победа на Рома против Јувентус (Видео)

Рома останува во трка за четвртото место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона откако со 2:0 го победи Јувентус, во дербито на 36-тото коло од Серија А. Погодоците вредни три бода за Римската волчица ги постигнаа Алесандро Флоренци и Един Џеко.

Флоренци погоди за 1:0 во 78-мата минута, одлично влезе во противничкиот шеснаесетник и по асистенција на Џеко, донесе радост на „Олимпико“ во 78-мата минута. Во последната минута од мечот победата со нов погодок ја потврди босанскиот репрезентативец.

https://twitter.com/FootballNerd5/status/1127669732956491776

Интересно е што само 20-тина минути пред да биде постигнат голот за водство од 1:0, токму Флоренци беше во расправија со првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо. По вербалната расправија и неколкуте разменети зборови, Роналдо на крајот со гестикулација му покажа на Флоренци дека е многу низок и дека многу зборува, а не треба да се расправа со него.

Сепак, дека Флоренци има фудбалски квалитети, покажа со погодокот за победа на Рома. Со овие три бода, Римската волчица стигна до вкупно 62 бода, колку што има и Милан на петата позиција, додека Аталанта, која е трета, има 65 бодови.

- Оглас -

Најнови вести