Роналдо на ЕП може да го сруши рекордот на Рамос

Кристијано Роналдо синоќа по 174 пат го носеше дресот на португалската репрезентација, во ремито без голови против соседот Шпанија. Во составот на шпанската селекција го немаше Серхио Рамос, кој до неодамна беше капитен на Црвената фурија.

Поради честите повреди и недоволно физичката подготовеност, за Рамос немаше место во селекцијата која ќе настапи на Европското првенство, а со тоа се отвори можност Роналдо да сруши еден рекорд на дефанзивецот на Реал Мадрид.

Рамос е рекордер на европска сцена со 180 настапи во репрезентативниот дрес и на ЕП требаше да го сруши светскиот рекорд на Ахмед Хасан кој одигра 184 мечеви за Египет. Сепак, наместо Рамос да го стигне рекордот на Хасан, сега може Роналдо да го надмине Шпанецот.

На Роналдо му фалат шест натпревари за да стигне до бројката од 180, колку што има и Рамос. Португалија ќе одигра три меча во ноакут фазата од континенталниот собир, а ако актуелниот европски првак повторно одигра на врвно ниво и стигне до завршницата, тогаш капитенот на Португалија ќе го надмине и рекордот на Рамос.

 

- Оглас -

Најнови вести