Роналдо на море со Георгина „тагува“ за елиминацијата на Јувентус од Лион

Кристијано Роналдо веднаш замина на летен одмор и ужива на луксузна јахта, а овие фотографии кои ги објави неговата вереница Георгина Родригес не им се допаднаа на навивачите на Јувентус, кои уште се во шок откако Старата дама неочекувано рано отпадна од Лигата на шампионите. Сликата е тазе, тоа се гледа и по фризурата на Роналдо, кој се истрижи непосредно пред дуелот со Лион.

Фановите очекуваа и Кристијано да биде тажен како што беше по завршувањето на дуелот со Лион, но Португалецот изгледа дека не е премногу насекиран. Да биде проблемот поголем, ова се случува истовремено кога почнаа шпекулации дека Роналдо не е задоволен ниту со изборот на Андреа Пирло за нов тренер на Јуве и дека неговиот агент почнал разговори за трансфер во Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести