Роналдо најави: Многу сум силен, ќе играм уште 5 години

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, денеска наполни 35 години. Иако многу играчи на негова возраст веќе размислуваат или се во пензија, Роналдо најавува дека физички е многу моќен и воопшто не доаѓа предвид да оди во пензија.

Петкратниот совојувач на Златната топка вели дека има сили да игра најмалку уште пет сезони и дека е подготвен за нови предизвици.

„Можам да играм додека не наполнам 40 години. Сè ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам и од мотивацијата што ќе ја имам, но никогаш проблемот нема да ми биде физичката подготвеност. Многу добро внимавам на себе и знам дека можам да играм уште 5 години. Најважниот фактор е психологијата. Тоа ќе биде клучно. Сите работи имаат почеток и крај. Знам дека нема да играм вечно, но сега се чувствувам многу силен и сакам да продолжам да освојувам трофеи“, рече Роналдо.

Португалецот блеска веќе една и пол деценија. Беше незадржлив во Манчестер јунајтед, потоа девет години доминираше во Реал Мадрид, а сега втора сезона по ред е главен во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести