20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Роналдо најави навивачите на Јувентус да почнат да се подготвуваат за радост

Кристијано Роналдо е убеден дека во една од следните две сезони Јувентус ќе биде првак на Европа. Португалецот има пет трофеи во Лигата на шампионите (еден со Манчестер јунајтед и четири со Реал Мадрид), а се надева дека и со Јувентус ќе се искачи на тронот на Европа.

„Со Реал Мадрид освоив толку многу трофеи, но дојде време за нов предизвик. Имам мотивација, но и сила да продолжам да победувам и освојувам нови трофеи. Јувентус сигурно ќе ја освои Лигата на шампионите. Не знам дали тоа ќе биде оваа сезона или наредната, но трофејот чука на вратата на Јувентус“, рече Роналдо, кој минатата сезона даде 28 гола во сите натпреварувања за Јувентус.

Во првата сезона во дресот на Старата дама, Роналдо не успеа во обидот да стигне до трофејот откако во четврт-финалето беше елимниран од Ајакс.

 

- Оглас -

Најнови вести