Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради неговата прослава на голот од пенал со кој го однесе Ал-Наср во финалето на Арапскиот куп на шампиони.
Португалецот е цел на напади по социјалните мрежи од муслиманите откако реши да се прекрсти пред очите на фановите на трибините. Роналдо даде гол од пенал, па со рацете симболизираше крст, пред да го направи неговото препознатливо „Сиуууу“.
Саудиска Арабија е една од најконзервативните муслимански држави, таму е забрането јавно изразување на христијанската вера.
https://twitter.com/i/status/1689319997770706944

