Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед пред десет дена одиграа 1:1 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Но, дури сега на социјалните мрежи се појави видео од потегот на Кристијано Роналдо по крајот на средбата. Додека Португалецот беше исвиркуван од навивачите на домаќините, тој покажа колку го почитува клубот со тоа што го промени правецот на движењето со цел да не го прегази логото на клубот.
Иако Роналдо е многу омразен кај навивачите на Атлетико, со овој потег ги доби нивните симпатии.
Cristiano Ronaldo moving aside so he doesn’t step on Atletico Madrid’s crest. Respect pic.twitter.com/DJRTLVXlce
— ⚡. (@MadridNations) March 4, 2022