Роналдо направи таков успех затоа што јас не играв во Шпанија

Јувентус во саботата ја освои осмата последователна титула во Серија А, а Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој го освоил врвот во Англија, Шпанија и Италија, односно стана првак во најсилните три лиги во Европа.

Подвигот на Португалецот во свој стил го прокоментира Марио Балотели, кој не е импресиониран што Роналдо е единствен во овој учинок, а смета дека тој многу порано ќе го направеше тоа доколку заиграше во Шпанија.

„Роналдо е единствениот играч кој има титули во Англија, Шпанија и Италија само затоа што јас никогаш не заиграв во шпанскиот шампионат“, изјави Балотели.

Италијанецот сега ги брани боите на Марсеј, а во минатото беше шампион на Италија со Интер во сезоната 2009/10, кога „нераѕурите“ ја комплетираа фамозната триплета. Како член на Манчестер сити, Балотели беше англиски првак во сезоната 2011/12.

На 28 години, тој уште има шанса да го оствари историскиот успех на Роналдо доколку добие шанса да заигра во шпански клуб кој би се борел за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести