32.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Роналдо не биди тажен, ништо не е загубено, ама пази Македонија да не ја добиете во баражот

Србите синоќа одиграа херојски меч и со 2:1 ја победија Португалија во Лисабон, триумф кој им донесе пласман на Светското првенство во Катар. Португалија ќе мора да игра бараж, а еден од најразочараните беше капитенот Кристијано Роналдо.

Низ социјалните мрежи на Балканот почнаа да се шират многу „сеирџиски“ муабети за Роналдо, а една од најинтересните пораки е дека Португалија треба да се плаши Македонија да не ја добие за противник во баражот.

„Без грижа Кристијано. Ништо не е загубено, има и бараж, но таму мора да ја избегнете Македонија. Ако не, веднаш можеш да ја фрлиш капитенската лента“, стои во пораката на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести