Кристијано Роналдо блескаше на гостувањето во Мека, Саудиска Арабија, и постигна четири гола за Ал-Наср во светото место за муслиманите, а по мечот со Ал-Вахда не чекаше никого и сам си го зеде подарокот што му следува.
Правило е во фудбалот играч што постигнал најмалку хет-трик на ист меч да си ја земе топката за спомен.
Роналдо го замоли главниот судија да му се потпише и си го однесе подарокот дома.
Cristiano Ronaldo taking the Hatrick ball home ⚽️❤️pic.twitter.com/gHOoES3ORR
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) February 9, 2023
Со првиот гол на мечот, Роналдо прослави топ-јубилеј, 500 голови во лигашки натпревари за сите клубови за коишто играл.
Вкупно има 825 погодоци, што е импресивен биланс во кариерата на 38-годишниот Португалец.