2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Роналдо не е најдобар ниту во Саудиска Арабија (Фото)

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, без сомнежи е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но на залезот од кариерата повеќе го нема респектот од пред неколку години, иако игра во лигата во Саудиска Арабија.

Избран е тимот на сезоната во саудиската Про Лига и во него нема место за Роналдо. Португалецот во зимскиот преоден рок потпиша за Ал-Наср и не му требаше многу време за да стане лидер на тимот, постигнувајќи 14 гола, но не успеа да ја освои титулата. Ал-Наср сезоната ја заврши на второто место зад Ал-Итихад.

Интересно е што во тимот на сезоната покрај Роналдо, не се наоѓа ниту најдобриот стрелец во лигата, Абдеразак Хамдал од Ал-Итихад. Најдобар напаѓач во саудиската лига е поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Одион Игало, кој постигна пет гола повеќе од Роналдо, додека на крилните позиции во тимот на сезоната, се избрани Ферас Албрикан и Мурад Батна.

- Оглас -

Најнови вести