Кристијано Роналдо, кој е една од најголемите светски фудбалски икони на сите времиња, утревечер на „Драгао“ ќе истрча со своите соиграчи против Македонија.
Ова е клучниот, па и историскиот меч за двете селекции за пласман на СП во Катар, а домаќините ќе бидат под огромен притисок. Роналдо е дете на Спортинг од Лисабон, а за тоа колку се омразени со Порто, говори и податокот дека неговиот дрес во овдешните продавници изнесува 80 евра.
За споредба, по другите места во Португалија, па и во светските продавници, тој изнесува најмалку 100 евра.