Роналдо не е задоволен од изборот на нов тренер, најавил заминување од Јуве

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, им соопштил на соиграчите дека има намера да го напушти клубот ова лето, иако договорот со Старата дама му е до јуни 2022. Португалецот кој дојде во Јуве од Реал Мадрид во 2018 година, сезонава за првпат не успеа да ја освои титулата во Серија А, повторно не успеа да стигне далеку во Лигата на шампионите, а сега е незадоволен и од изборот на Масимилијано Алегри за нов тренер.

Јуве претпладнево официјално објави дека Андреа Пирло веќе не е тренер на тимот и му се заблагодари за сработеното, а наскоро се чека потврда дека нов тренер е Алегри.

Манчестер јунајтед, ПСЖ и Спортинг Лисабон се клубовите кои се спомнуваат како идни можни дестинации на Роналдо. Како најсериозен кандидат за привлекување на Кристијано се спомнуваат париските Светци.

За манчестерските Црвени ѓаволи, платата која ја има Кристијано е преголема (31 милион евра по сезона), а засега не му е во плановите да се врати во португалската лига, иако мајка му лобира за Кристијано да го облече дресот на Спортинг, клуб кој не може да му понуди којзнае какви финансиски услови. ПСЖ има најмногу пари, ќе им треба нова ѕвезда порак Нејмар ако си замине Килијан Мбапе, а и партнерката на Роналдо, Георгина, сака преселба во Париз.

- Оглас -

Најнови вести