Роналдо не може сам против своите: Кристијано погоди, но потоа неговите соиграчи си дадоа два автогола

Дербито од второто коло, меѓу Португалија и Германија, по првото полувреме го оправдува сите очекувања. Многу возбуда, шанси, динамика, три гола и пресврт по кој Германија е во пол позиција пред вториот дел.

Кристијано Роналдо донесе радост на Португалија со погодокот во 15 минута, што е 12-ти погодок за Португалецот во историјата на континенталните собири. Ако се додадат и седумте погодоци на Мундијалите, Роналдо е на бројката од 19 гола на големите натпреварувања, со што го израмни рекордот на Мирослав Клосе.

Радоста на Португалија за водството против Германија, траеше кратко. Во последните 10 минути, два пати се тресеше мрежата на Португалија и тоа поради автоголови. Најпрво Дијас си ја затресе сопствената мрежа за 1:1, а четири минути подоцна Гереро донесе нов шок за Португалците, па Германија води со 2:1

- Оглас -

Најнови вести