29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Роналдо не сакаше да коментира за одлуката да биде резерва, но кажа две реченици со кои го воодушеви светот

Португалија синоќа убедливо со 6:1 ја победи Швајцарија и се пласираше во четвртфиналето на СП во Катар. Освен седумте постигнати гола, дуелто го одбележа и потегот на португалскиот селектор Сантош, да не го стави Кристијано Роналдо во стартниот тим.

Сантош одлучи на местото на Роналдо, во првиот тим да го стави Рамос, а токму тој е играчот кој блесна и постигна хет-трик. Кристијано влезе во вториот дел и не постигна гол, а по завршување на средбата, додека сите фудбалери на Португалија славеа со навивачите, капитенот си замина во соблекувалната.

Роналдо и кога влезе во соблекувалната и додека поминуваше низ микс-зоната каде што треба да застане да даде изјави на новинарите, едноставно само помина и не сакаше да прокоментира ништо околу средбата која само што завршила. Сепак, Роналдо дофрли неколку зборови, кои не беа поврзани со средбата против Швајцарија.

„Му посакувам на Пеле брзо опоравување, тој е нашиот крал. Дали сонувам да станам светски првак? Секако“, рече Роналдо кој веднаш потоа си замина.

Португалија во четвртфиналето ќе играат против Мароко и ќе биде интересно да се види дали Сантос повторно ќе го остави капитенот на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести