Роналдо не запира, со 876 гол во кариерата го одведе својот тим во четвртфиналето на ЛШ (Видео)

Екипата на Ал-Наср се пласира во четвртфиналето од азиската Лига на шампиони откако во реваншот против Ал-Феиха победи со 2:0. По првиот меч, Ал-Наср имаше предност од 1:0, а синоќа само потврди дека е подобар ривал и заслужено е меѓу најдобрите осум во Азија.

Кристијано Роналдо повторно беше во фокусот. Тој во еден момент се караше со кинескиот судија откако доби жолт картон, а потоа имаше и „расправија“ со публиката, која во еден момент почна да скандира „Меси, Меси“ од трибините.

Сепак, Роналдо покажа дека головите уште се негова специјалност, па во 86-тата минута успеа да искористи една шанса и погоди за 2:0 за да го завери триумфот на неговиот тим. За Роналдо ова е 876-ти гол во кариерата, со што само го поместува рекордот за најдобар стрелец на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести