Нов меч и нов гол за Кристијано Роналдо. Португалецот со својот Ал-Наср славеше убедливо со 5:1 против Ал-Аин во азиската Лига на шампиони, а Роналдо беше стрелец на погодокот за 2:0 и тој може да го видите ТУКА.
Освен Роналдо, мрежата на гостите ја погодија и Талиска (два пати) и еднаш Весли, а еден гол за Ал-Наср всушност беше автогол на Кардосо. Автогол си даде и Ал Наср, и тоа кога Бенто ја затресе сопствената мрежа.
Роналдо играше до 79-тата минута, а потоа беше повлечен од играч. Феноменална е низата на Португалецот, кој никако не се предава иако за неколку месеци ќе полни 40 години. Интересен е податокот дека откако Роналдо наполни 39 години во февруари, одигра 41 натпревар, а билансот му е 35 погодоци и шест асистенции, што значи дека во просек на секој меч директно учествува во постигнување погодок.