Роналдо не знае што е тоа одмор, за Португалија „решета“ и на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и дефинитивно ќе биде запишан во историјата како еден од најдобрите, а според многумина и најдобар фудбалер на сите времиња.

Иако таа дебата никогаш нема да биде решена, Португалецот остави навистина длабока трага во овој спорт, а заедно со Лео Меси беа незапирливи последниве 15 години.

Роналдо, кој летово се врати во Манчестер јунајтед игра во страшно добра форма, а тоа го потврдува и за Португалија. Покрај тоа што е расположен и за голови, едноставно тој сака да ги игра сите можни натпревари, а кога ќе биде оставен на клупата, тогаш бурно реагира.

Тој во овие моменти со својата репрезентација игра пријателски натпревар против Катар, а по првото полувреме го постигна и единствениот гол до сега за водство на Португалија од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести