Роналдо нема да игра против Пандев

Кристијано Роналдо доби заслужен одмор од тренерот Масимилијано Алегри и нема да игра на денешниот дуел против Џенова. Португалецот даде хет-трик во дуелот против Атлетико Мадрид и го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а според Алегри сега може малку и да одмори.

Јувентус е убедлив лидер во Серија А и има 18 бодови повеќе второпласираниот Наполи, па дури и да се случи да киксира на гости кај Џенова, тоа нема да биде никаков проблем кога се работи за трката во одбрана на тронот во калчото.

Освен Роналдо, поради повреди во составот на гостите ќе ги нема Даглас Коста, Матиа де Шилјо, Хуан Квадрадо, Андреа Барзаљи, како и Сами Хедира кој имаше операција на срцето.

По 27 одиграни меча, Јувентус има 24 победи и само три нерешени средби. Интересно е што токму еден од тие три реми е против Џенова и тоа во Торино, кога резултатот беше 1:1. Сега Џенова ќе се обиде и на свој терен да изненади и да остане првиот тим сезонава кој нема пораз од „старата дама“. Во тимот на Џенова ќе биде и Горан Пандев, кој се очекува да започне од клупата за резерви, но најчесто добива шанса за настап во вториот дел од средбата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести