Роналдо објасни која е разликата меѓу судиите од Англија и Шпанија, Реал Мадрид ТВ го прогласи арбитарот за играч на мечот против Осасуна

Не стивнуваат реакциите по дуелот меѓу Осасуна и Реал Мадрид кој заврши 1:1. Гостите од Мадрид се жалат на делењето на правдата и сметаат дека судијата е главниот виновник што не победиле.

Кралскиот клуб се жали дека не бил досуден пенал во нивна корист, но и дека престрого и неоправдано бил исклучен Џуд Белингам. Преку најмоќното гласило на Реал Мадрид, а тоа е нивната клупска телевизија, стигна реакција дека судијата бил најдобриот играч на Осасуна на дуелот во Памплона. Слична реакција и коментар имаше од Реал Мадрид ТВ и по дуелот со градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој истотака заврши 1:1.

„Играч на мечот повторно е судијата. Имаше пенал врз Винисиус и сите тоа го видоа, но ВАР системот не сакаше да сигнализира кај судијата. Целта на Медина Кантаљехо е постигната. Истото се случи и во претходното коло кога судијата Де Бургос беше најдобриот играч на Атлетико Мадрид. Денеска најдобар играч на Осасуна беше судијата Мунуера Монтеро“, гласи коментарот на Реал Мадрид ТВ.

Околу ситуацијата со исклучувањето на Белингам кој наводно го опцул судијата, останува да се види дали дали ќе има дополнителна санкција за англискиот репрезентативец. Интересно е тоа што Кристијано Роналдо уште во 2018 година има дадено свој коментар околу спорните пцовки на Белингам. Роналдо пред седум години го спореди критериумот на арбитрите во Англија и тие во Шпанија.

„Во Англија, фудбалерите на теренот постојано му дофрлуваат на судијата со зборовите „е*и се“, но таму арбитрите тоа не го доживуваат како навреда. Во Шпанија е поинаку. За таков збор веднаш ќе те исклучат“, беше коментарот на Роналдо во 2017 година за ситуацијата која случи синоќа на дуелот Осасуна – Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести