Кристијано Роналдо ја доживеа најголемата трагедија, откако неговата Џорџина на породување остана без едно од двете близначиња кои ги роди. Машкото бебенце почина, додека девојчето е живо и здраво.
Поради трагедијата, Роналдо го немаше на дербито на Манчестер јунајтед против Ливерпул, а вечерва објави фотографија на која објави дека неговата жена и бебето се дојдени дома.
„Доме слатки доме. Џиа и нашето бебе девојче конечно се со нас. Сакаме да се заблагодариме на ситекои ни упатија убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите почувствувавме љубов и почитување кое го имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за малиот живот кој само што ни пристигна на овој свет“, беше пораката од Роналдо.
View this post on Instagram