29.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Роналдо одбил фантастична понуда од САД пред да потпише за Ал Наср

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија каде со Ал Наср го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, а пред да го стави потписот, тој одбил фантастична понуда од САД.

Новинарот на телевизијата ЕСПН, Тејлор Твилман, тврди дека Роналдо добил понуда од МЛС тимот Канзас која била речиси идентична на таа од Ал Наср, што на крајот Португалецот ја прифати.

„Неколку екипи од МЛС лигата пројавуваа интерес за Роналдо. Но, еден тим беше сериозен во намерата да го потпише Португалецот, тоа е Спортинг Канзас сити. Нивната понуда била толку добра што претставниците на Роналдо одржале неколку состаноци со управата на тимот. Понудата била блиску до таа која Роналдо на крајот на прифати“, тврди Твилман.

- Оглас -

Најнови вести