11.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Роналдо оди во заборав, Мохамед Салах треба да биде новото заштитно лице на фудбалот во Саудиска Арабија

Напаѓачот Мохамед Салах може да стане следното заштитно лице на саудиското фудбалско првенство доколку ja прифати понудата за тројно зголемување на платата ова лето, пренесува „Ливерпул Ехо“. Египќанецот заработува малку повеќе од 400.000 фунти неделно во редовите на Црвените, за кои настапува веќе девет години.

Кристијано Роналдо е суперѕвездата во Саудиска Арабија веќе три години, откако на 1 јануари 2023 година стана член на Ал-Наср. Сепак, Португалецот е незадоволен од трансфер-политиката во домашното првенство по доаѓањето на Карим Бензема во ривалот за титулата Ал-Хилал и не настапи за својот тим во последното коло.

Според различни информации, Роналдо, кој има 41 година, бара трансфер во Европа во потрага по својата голема цел – 1.000 голови во професионалниот фудбал.

Доколку Роналдо замине, фудбалските челници во саудиското првенство ќе се обидат да го направат токму Мохамед Салах заштитното лице на шампионатот и ќе се обидат да го привлечат со тројно зголемување на платата. Тие се обидоа да го сторат тоа и минатата година, но тој реши да го продолжи договорот со Ливерпул. Сепак, неговите односи со клупското раководство и менаџерот Арне Слот се влошија и Салах речиси сигурно ќе го напушти клубот ова лето, една година пред истекот на договорот.

Медиумите во Англија очекуваат Салах да се пресели во Саудиска Арабија пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Тој настапи на последните четири натпревари за Ливерпул по враќањето од Африканскиот куп на нации, каде Египет беше поразен во полуфиналето од Сенегал.

Откако Ливерпул го доведе од Рома во 2017 година, Салах постигна 251 гол и двапати ја освои Премиер лигата, како и еднаш Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести