Манчестер јунајтед не успеа да го победи Вотфорд на „Олд Трафорд“ и на крајот одигра без голови, за ново разочарување на фановите на Црвените ѓаволи.
Домаќините имаа целосна доминација, многу шанси, но ниту еднаш не ја затресоа мрежата на противникот. Еден од најзаслужните што Манчестер јунајтед не победи е Кристијано Роналдо.
Во една акција на домаќините, Бруно Фернандеш шутираше, а Роналдо кој беше на неколку метри од голот, мирно стоеше, но топката заврши токму во него. Многумина сметаат дека доколку топката не удреше во Роналдо, ќе завршеше во голот, но тоа не се случи.
Ronaldo just texting his wife mid game pic.twitter.com/C8oYkzIWnY
— Ben W (NOT TIKTOK GUY FFS) (@AFCBEN19_) February 26, 2022

