Роналдо одлучи каде ќе игра следната сезона, дневно ќе заработува 555.555 евра

Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јуни 2026 година, објави португалскиот весник Абола, повикувајќи се на извори од Саудиска Арабија. Португалската ѕвезда дојде во Ал Наср во јануари 2023 година и актуелниот договор му истекува на крајот од оваа сезона, односно во јуни 2025 година.

Според новиот договор, Роналдо во следната сезона ќе игра под исти услови како досега, односно дека ќе заработува 200 милиони евра годишно. Тоа значи дека Португалецот ќе заработува 16,67 милиони евра месечно, 3,88 милиони евра на неделно ниво, односно неверојатни 555.555 евра на дневно ниво.

Овој износ може да биде и уште поголем, во зависност од бонусот при продолжување на договорот, односно од комерцијалните приходи кои се однесуваат на авторските права.

Според саудискиот весник Ал Кабара, челниците на Ал Наср се обврзани да обезбедат конкурентен тим кој ќе се бори за трофеј. Ал Наср моментално заостанува девет бодови зад лидерот во првенството на Саудиска Арабија, Ал Итихад.

Роналдо сезонава игра одлично и во 20 меча постигна 17 голови и три асистенции. Вкупно од доаѓањето во Ал Наср, Португалецот има постигнато 81 голови во 90 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести