Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч од Средниот Исток за 2025 година во изборот на „фудбалските Глоуб“ награди, во Дубаи. Роналдо во февруари ќе наполи 41 година, но тој едноставно е незадржлив и уште е најдобар таму каде што игра.
„Мојата цел е уште да постигнувам голови, да освојувам уште трофеи и да се мотивирам да достигнувам нови цели Сигурно ќе стигнам до бројката од 1.000 голови, само треба да не бидам повреден“, рече Роналдо по добивањето на признанието во Дубаи.
Роналдо е најдобар стрелец во историјата на фудбалот, а досега во кариерата има постигнато 956 голови.

