24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Роналдо откри до кога ќе го носи дресот на Португалија

Кристијано Роналдо вечерва ќе го предводи европскиот шампион, националниот состав на Португалија на гостувањето кај светскиот првак Франција во големото дерби од Лигата на нациите.

Во пресрет на дуелот на титаните кој ќе се одигра во Париз, Роналдо откри уште колку време планира да го носи репрезентативниот дрес. Мегаѕвездата на Јувентус најави последен атак на светската титула на Мундијалот кој ќе се одржи во Катар во 2022 година, а потоа ќе се повлече.

„Светското првенство во Катар ќе биде последното мое натпреварување во дресот на Португалија“, кратко порача Роналдо, кој дотогаш ќе наполни 38 години.

За Португалија запиша 156 настапи досега во кои постигна 101 погодок.

- Оглас -

Најнови вести