Роналдо откри како се создал неговиот препознатлив начин на радување на головите

Кристијано Роналдо е подготвен за втората сезона во дресот на Јувентус. Португалецот покажа дека без разлика за кој тим играч, секогаш е во центарот на вниманието и прва опција за постигнување на голови. Кога ќе даде гол, Роналдо има специјален начин на прослава.

„Имам дадено околу 700 голови и не знам кој ми е најубав. Секој погодок што сум го постигнал бил важен, а секој нареден што треба да го дадам ќе биде уште поважен. Кога бевме на турнеја во САД, игравме со Челзи, а јас дадов гол. Тогаш, така спонтано ми дојде да речам „сииииууууу“, да се завртам во скок и да прославам. На навивачите тоа им се допадна и од тогаш продолжив да ги прославувам головите на тој начин“, објасни Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести