Роналдо откри кој му е најголемиот предизвик, не се ниту 1.000 голови, ниту играње на СП 2026

Кристијано Роналдо иако наполни 40 години, не покажува знаци на слабост. Крајот на играчката кариера не му е на повидок, а сега откри дека има и еден друг предизвик кој нема да му биде лесно да го оствари.

Тоа не е ниту бројката од 1.000 гола во кариерата (во моментов е на 924), ниту играњето на Светското првенство следната година.

„Луѓето не ги ценат моите голови, само велат „уште 85“. Не ми се допаѓа тоа. Работите мора да се случуваат природно. Ако стигнам до 1.000 гола, тоа ќе биде одлично, но не знам дали ќе стигнам до таму. Има уште една и пол година до Светското првенство, има толку многу работи пред тоа. Би сакал да играм и да ја освојам титулата, но не сум опседнат ни со тоа“, вели Роналдо.

Предизвикот кој може да биде повозбудлив за најдобриот стрелец на сите времиња е нешто друго, играњето со неговиот син Кристијано Роналдо Јуниор, кој е во У-15 тимот на Ал-Наср. Самиот КР7 призна дека тоа е нешто што го има на ум.

„Би сакал, но тоа не е нешто што ме држи буден ноќе. Ќе видиме. Тоа повеќе зависи од него отколку од мене. Јас секако ќе бидам горд татко. Годините почнуваат да минуваат и еден ден ќе морам да се повлечам“, рече славниот Кристијано.

- Оглас -

Најнови вести