Легендарниот португалски напаѓач на Ал-Наср од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, во интервјуто со Пирс Морган откри што е најскапото нешто што некогаш го купил.
„Хмм… Најскапата работа што некогаш сум ја купил? Авион. Да, авион“, рече Роналдо.

Морган се заинтересиран каков авион е тоа.
„Го заменив пред една година. Значи, малку е скап. Имав авион 13 години, но го заменив со подобар. Но, како што реков, за мене тоа е прашање на удобност. Најважно за мене е што сакам да ја живеам следната фаза од мојот живот без да трошам многу. Веќе ги остварив моите соништа. Кога бев млад, ги сакав автомобилите и сè што е поврзано со возењето. Веќе немам страст за авиони, ги имам затоа што не сум обичен човек, кажав зошто ги купувам“, рече Роналдо.

