Роналдо: Ова е денот на одлука!

Кристијано Роналдо уште не одлучил дали и во следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус или ќе бара нова средина. Сите се во исчекување на одлуката на Роналдо, а Португалецот преку социјалните мрежи испрати интересна порака.

„Денот за одлука“, порача Роналдо на фотографијата каде што дотеран е потпрен на автомобилот.

Засега не е јасно дали оваа порака на Роналдо е за тоа дали е тоа одлука за неговата фудбалска иднина или се работи за нешто друго. Роналдо имаше одличен настап на ЕП 2020 година, каде со пет гола во четири меча ја освои Златната копачка за најдобар стрелец на континенталниот собир.

Роналдо во Јувентус дојде во јуни 2018 година и досега во 133 меча постигна 101 погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести