Манчестер јунајтед со лесни и убедливи 3:0 го совлата Брентфорд во завршниот меч од 35-то коло.
Немања Матиќ го одигра својот последен меч во кариерата на „Олд Трафорд“ како играч на Манчестер јунајтед, а неговите соиграчи требаше од поодамна вака да играат, доколку сакаа да останат во битката за пласман од во Лигата на шампионите.
Иако теоретски Манчестер јунајтед може да се надева на такво нешто, сепак шансите се минимални. Бруно Фернандеш ја отвори вечерашната средба во 9-та минута, а за него ова беше 50-ти гол во дресот на „црвените-ѓаволи“.
Кристијано Роналдо со голот од пенал во 61-та минута ја продолжи својата фантастична гол серија постигнувајќи ги девет од последните 12 голови на овој тим, додека „печат“ на победата стави Рафаел Варан во 72-та минута.
Манчестер јунајтед по 36 одиграни натпревари сега има 58 бода ѝ е на шестото место, Тотенхем има 61, додека Арсенал 64, но и двата лондонски клуба имаат два натпревари помалку од „црвените ѓаволи“.