Роналдо по анализата на неговата физичка состојба: „Значи ќе играм уште десет години“

По анализата на неговата физичка состојба спроведена од платформата Whoop, се дошло до резултат дека физиолошката возраст на суперѕвездата Кристијано Роналдо е 28,9 години. Биолошката возраст на фудбалерот е 40 години.

Уредите на компанијата ги мереа физиолошките податоци на Кристијано Роналдо, како што се отчукувањата на срцето, варијабилноста на отчукувањата на срцето и друго, давајќи увид во неговиот напор, закрепнување и сон.

Португалскиот репрезентативец и играч на Ал-Наср ја искористи можноста да се пошегува за податоците:

„Не можам да верувам дека е толку добро. Ова значи дека ќе играм уште десет години“, искоментира најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

„Кога си млад, мислиш дека ќе живееш вечно, дека секогаш ќе бидеш силен, дека си нескршлив. Сè уште се чувствувам добро, давам приоритет на закрепнувањето и спијам многу повеќе од порано“, изјави Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести