Роналдо по шести пат ќе игра на ЕП: Да покажеме дека сѐ е можно

Кристијано Роналдо и на 39 години е лидер на португалската репрезентација и без него не може да се замисли овој национален состав. Повеќе од 20 години Роналдо е дел од репрезентацијата за која одигра 206 натпревари, а има 128 погодоци.

„Горд сум што повторно ќе ја претставувам Португалија на Европско првенство. Да покажеме дека сѐ е можно“ беше пораката упатена од Кристијано, за кого ова ќе биде рекорден шести настап на ЕП.

Роналдо има титула европски првак од 2016 година, а беше и на сребрен од континенталниот собир во 2004 година, кога на свој терен во финалето загуби од Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести