Роналдо побара од Фернандеш да му даде да го шутира пеналот, но доби „корпа“ (Видео)

Манчестер јунајтед загуби дома од Астон вила со 0:1 во меч на кој домаќините промашија пенал со кој можеа да се спасат од пораз. Во судиското надополнување беше досуден удар од белата точка за Црвените ѓаволи, а голема дилема беше кој треба да шутира.

Бруно Фернандеш имаше 21 погоден пенал од 22 обиди во дресот на Манчестер јунајтед, но сега со Кристијано Роналдо во тимот, јасно беше дека капитенот на Португалија ќе сака да ја превземе одговорноста.

Кога беше досуден пеналот, Фернандеш ја зема токата во своите раце и во ниту еден момент не се двоумеше околу тоа дали треба тој да го изведе ударот или да му препушти на Роналдо. Кристијано се обиде да побара од Бруно да шутира, но соиграчот воопшто не го послуша. Дури и голманот на Астон вила, со провокација покажуваше дека сака Роналдо да му шутира.

https://youtu.be/3I25uo9w_MI

На крајот, ударот на Фернандеш заврши високо над голот, а Роналдо прв дојде да го утеши трагичарот на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести