Иако пред помалку од две недели заврши јануарскиот преоден рок, трансфер шпекулациите не престануваа. Од Англија стигнуваат вести дека можно е на крајот од сезоната да се случи Мохамед Салах да си замине од Ливерпул. Тоа би се случило ако се реализира неверојатната шпекулација за трансфер во Јувентус.
Најавите се дека првата ѕвезда на италијанскиот првак, Кристијано Роналдо, побарал во Торино да дојде Салах. Египетскиот репрезентативец до 2017 година беше дел од Серија А, но тогаш го носеше дресот на Рома. Откако направи трансфер во Ливерпул, Салах игра на врвно ниво. Даде 64 гола, вклучувајќи ги и тие 45 од минатата сезона во Премиер лигата и Лигата на шампионите, кога Ливерпул стигна до финалето.
Ливерпул од Рома го купи за 34,3 милиони фунти, а сега се претпоставува дека трансферот би бил неверојатни 170 милиони фунти, што значи дека за само две години англискиот гигант би имал голема заработка.