Кристијано Роналдо се соочува со нови проблеми додека ги минува деновите во самоизолација поради корона-вирусот. Мегаѕвездата на Јувентус е под страга за прекршување на протоколот при враќањето во Торино откако се потврди дека е позитивен на ковид-19 за време на репрезнтативната пауза.
Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, тврди дека има докази дека Роналдо го прекршил протоколот и моментално се води истрага. Одлуката да го напушти меурот е причина да се истражи враќањето на Роналдо.
„Моментално се води истрага околу тоа да се докаже дека Кристијано не го почитуваше протоколот“, истакна Спадафора.
Роналдо го напушти тренинг-кампот на Португалија само ден откако беше тестиран и со приватен авион се врати во Италија за да го помине карантинот и да се подготвува што поскоро да се врати на терените.
Најавено е дека би можело да се појави во дербито против Барселона во второто коло од Лигата на шампионите, но засега тоа се само претпоставки.