Кристијано Роналдо и Ал-Наср се радуваа на тешка победа од 2:1 во дуелот против Ал-Тавон, во 17 коло на Саудиска Арабија. Со овој триумф, Ал-Наср се искачи на врвот на табелата со 40 бодови, колку што имаат и екипите на Ал-Итихад и Ал-Шабаб, што покажува колку е неизвесна трката за титулата.
Ако во претходното коло Роналдо даде дури четири гола, овојпат Португалецот се фокусираше на асистенциите. Тој беше играчот кој додаваше до фудбалерите кои реализираа за Ал-Наср.
Во 17 минута Роналдо имаше фантастично додавање од 30-тина метри кога во празно го пронајде Хабед, кој погоди за 1:0.
What an assist from Cristiano Ronaldo. pic.twitter.com/G8nAeUowy1
— TC (@totalcristiano) February 17, 2023
На почетокот на вториот дел Медран израмни на 1:1, а гостите постигнаа и втор погодок во 68 минута, но за среќа на Ал-Наср беше поништен поради офсајд.
Во 78 минута, Ал-Наср втор пат се израдува по втор пат, кога погоди Маду и тоа повторно на асистенција на Роналдо. Интересно е дека Роналдо во оваа ситуација воопшто не сакаше да асистира тука да го смени правецот на топката кон голот, но лошо ја зафати топката. Тоа беше среќно за Маду кој погоди.
Судиите покажаа дека Роналдо е во офсајд, но по ВАР проверката, беше потврдено дека погодокот е регуларен и дека Португалецот бил во дозволена позиција при најнеобичната негова асистенција за гол.