Роналдо подобро веќе никогаш да не застане да брани во „жив ѕид“ (Видео)

Јувентус со 3:1 ја победи Парма иако гостите беа први кои погодија на теренот во Торино. Парма даде прекрасен гол од слободен удар, а како главен виновник за овој погодок е Кристијано Роналдо. Првата ѕвезда на Јувентус беше дел од „живиот ѕид“, во кој имаше четворица играчи, плус еден легнат.

Сепак, Парма поведе, и тоа откако топката помина директно на местото во „живиот ѕид“ каде што требаше да брани токму Роналдо. Португалецот беше единствениот кој не скокна, а требаше затоа што долу имаше легнат играч кој требаше да ја сопре топката ако одеше по земја.

Роналдо уште еднаш покажа дека се плаши од топката, па Јувентус прими гол. Ова не е првпат сезонава Јувентус да прими гол од слободен удар поради стравот на Роналдо.

На реванш-дуелот против Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите гостите постигнаа гол кој ги одведе во следната фаза токму со шут од слободен удар. И тогаш Роналдо беше тој што не скокна, а по мечот многумина го посочија како главен виновник за елиминацијата на Старата дама, и тоа токму поради стравот да стои како што треба во „живиот ѕид“.

https://twitter.com/i/status/1384956912593145860

 

- Оглас -

Најнови вести