Кристијано Роналдо освен што е фантастичен фудбалер, уште еднаш покажа дека има големо срце. Веднаш по трагедијата која го погоди Мароко, земјотресот од 6,8 степени по Рихтер, во кој животот ги загубија преку 1.200 лица, Роналдо го отстапи својот луксузен хотел во Маракеш на бесплатно користење.
https://twitter.com/Alhamdhulillaah/status/1700566777413988578?s=20
Во хотелот „Пестана ЦР7 Маракеш“, Мароканците ќе можат да престојуваат се додека не им се обезбеди друго сместување, а Роналдо за сите кои ќе бидат привремено сместени во неговиот хотел ќе обезбеди бесплатни оброци.
Покрај Роналдо, меѓу првите во хуманитарните акции се вклучија и репрезентативците на Мароко кои предводени од капитенот Валид Реграгуи се упатија во клиничкиот центар во градот Агадир за да донираат крв.
https://twitter.com/2MInteractive/status/1700534159519723522?s=20