Кристијано Роналдо по којзнае кој пат во кариерата испаѓа херој и спасител за својот тим, а Португалецот овојпат тоа го стори во дресот на Манчестер јунајтед.
Напаѓачот на Црвените ѓаволи го постигна победоносниот гол против Вилјареал, кој му донесе триумф од 2:1 и први три бода во групата Ф.
„Поради вакви моменти се вратив во Манчестер јунајтед, овој клуб многу ми недостигаше и сега сакам пак да му помогнам да ја дозавршиме приказната која остана од пред повеќе од една деценија. Доколку не ги освоевме трите бода, ќе беше тешко да одиме во наредната фаза, а сега сè е можно“ рече Португалецот.