33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо постави уште еден рекорд, тој е фудбалерот со најмногу голови постигнати со глава (Видео)

За Кристијано Роналдо нема неважно натпреварување, а тоа го потврди и синоќа кога постигна гол за Ал-Наср во победата од 4:1 против екипата на Монастир од Тунис.

Португалецот погоди со глава и токму таквиот начин на постигнување погодок му донесе нов рекорд. За Роналдо ова беше 145-ти гол постигнат со глава и сега е рекордер во оваа категорија. Зад Роналдо остана легендарниот Герд Милер, кој долги години беше недостижен со 144 погодоци дадени со глава.

На оваа листа потоа следуваат Шпанецот Карлос Сантиљана со 125 голa и легендарниот Бразилец Пеле, кој има постигнато 124 голови со глава.

- Оглас -

Најнови вести