Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е во напредни преговори со Ал-Наср за продолжување на неговиот договор до 2026 година. Според информациите, новиот договор е веќе постигнат и ќе му донесе околу 200 милиони евра годишно, што значи дека Роналдо ќе заработува приближно 3,8 милиони евра неделно, или околу 500.000 евра дневно.
Покрај тоа, се претпоставува дека како дел од новиот договор, Роналдо ќе добие 5% од сопственоста на клубот, што дополнително ќе го зацврсти неговото влијание во Ал-Наср.
Роналдо му се приклучи на Ал-Наср во декември 2022 година со договор до 2025 година, но двете страни сега се стремат да ја продолжат соработката за уште една година.
Официјалната потврда за новиот договор се очекува во наредните денови.