Роналдо баш е ЦР7, ама никој друг од Јувентус не припари до гол две сезони

Кристијано Роналдо не можеше ниту вчера сам да го извлече Јувентус по лошата партија на „црно-белите“ против Лион и елиминацијата уште во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Португалецот се трудеше, постигна и два гола, но ефектот на клупско ниво е лош за италијанскиот шампион. Ќе им остане уште најмалку една сезона за чекање на евентуален голем успех во Европа и освојување на третата круна.

Португалецот не може се сам, а тоа го потврдуваат и бројките, кои се на негова страна. Во последните две изданија во Лигата на шампионите, или откако Роналдо игра за Јувентус, тој сам ги постигна сите голови.

Нанижа дури 7 и ниту еден друг фудбалер на Јувентус не постигна гол. Изгледа фрапантно, но е вистинито. Лани во осминафиналето со хет-трик Роналдо помогна да се елиминира Атлетико Мадрид со победа од 3:0 во Торино, откако на „Ванда Метрополитано“ Јувентус загуби со 0:2.

Потоа Ајакс беше подобар со 1:1 и 2:1, а повторно Роналдо ги постигна двата гола за Јувентус, кој беше елиминиран во четвртфиналето.

Сезонава не стасаа ни дотаму, вчера ги сопна Лион во осминафиналето, а повторно Роналдо ги постигна двата гола за Јувентус во двомечот што заврши нерешено 2:2, но го елиминира италијанскиот шампион поради повеќе постигнати голови на гости.

- Оглас -

Најнови вести