-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Роналдо повторно и повторно елиминиран и уште е без трофеј со Ал-Наср

Ново разочарување за Кристијано Роналдо. Португалецот и неговиот Ал-Наср се елиминирани во Кинг купот на Саудиска Арабија откако со 1:2 загубија од Ал-Итихад, во осминафиналето.

По оваа елиминација, Роналдо претрпе уште едно разочарување и уште е без ниту еден освоен трофеј во Саудиска Арабија, а ја игра четвртата сезона во овој тим.

Карим Бензема во 15-тата минута постигна гол за водство на Ал-Итихад, а Ангело израмни на 1:1 во 30-тата минута. Пред крајот на првото полувреме, Ал-Итихад постигна и втор погодок преку Ауар, кој на крајот се покажа како клучен за победа и пласман во четвртфиналето во Купот на Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести