Кристијано Роналдо летово по повеќе од една деценија се врати во екипата на Манчестер јунајтед, и иако индивидуално има одличен старт, сепак тимот не бечжи добри резултати.
Португалецот тоа не го вознемирува, напротив во интервју за „Скај Спортс“ е уверен дека ќе освојат голем број на титули со овој тим.
„И понатаму ќе освојувам трофеи и на хејтерите ќе им ги затворам устите. Имам 36 години, имам освоено се, но, и покрај тоа некои луѓе и тренери не ме сакаат и не се ни грижам до толку. Добро спијам навечер и немам проблеми со совеста“ кажа Роналдо и продолжи.
„Тимот се наоѓа во транзиција, јас Санчо и Варан треба да се навикнеме на одлуките и тактиките на тренерот а кога ќе се случи тоа, сметам дека ќе играме на едно повисоко ниво.
Критиките не ме засегаат иако ти се добри, бидејќи чим те критикуваат, бидејќи знаат дека вредиш за таа екипа што настапуваш“.
Во кам-бекот за „црвените ѓаволи“, Португалецот има шест постигнати погодоци, а утре ќе има можност да додаде уште некој зад своето име во големото дерби против Ливерпул кое се игра од 17:30 часот.