27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Роналдо позираше со дресот со бројот 7 и откри зошто го одбрал Ал Наср за нов клуб

Кристијано Роналдо ќе го носи дресот со бројот 7 во Ал Наср во Саудиска Арабија. Португалецот позираше со дресот на новиот клуб и најави дека едвај чека да заигра во новата лига.

Со нетрпение очекувам да почнам да играм во нова лига во друга држава. Визијата на Ал Наср е многу инспиративна и возбуден сум што ќе им се придружам на новите соиграчи, заедно да му помогнеме на тимот да биде поуспешен“, рече Португалецот на промоцијата во новиот клуб.

Роналдо ќе биде играч на Ал Наср во следните две и пол години, а потоа ќе продолжи да работи како спортски амбасадор на Саудиска Арабија во обид земјата да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.

- Оглас -

Најнови вести